Маск: Направивме 3 милиони електрични автомобили

80

Компанијата Тесла досега има произведено повеќе од три милиони автомобили, од кои една третина во Кина, објави во неделата извршниот директор Илон Маск.

Изградбата на фабриката на Тесла во Шангај започна во 2018 година, но објектот беше погоден од исклучување и други проблеми во последниве години поради пандемијата на коронавирус.

Тесла произведе 258.000 возила во вториот квартал, што е за 15% помалку од 305.000 возила произведени од јануари до март.

И покрај ова, Tesla објави дека јуни бил најпродуктивниот месец досега и дека 258.000 возила сè уште се 25% зголемување во однос на претходната година.

За споредба, Toyota произведе 8,57 милиони возила ширум светот во 2021 година.

Маск предвиде рекордно производство во втората половина од годината, а Tesla се држи до својот план од 50% просечен годишен раст на продажбата на возила.