Маск повторно ги урива акциите на својата компанија – што твитна сега ?

112

Сопственикот на Tesla, Илон Маск, изјави дека сè уште не е потпишан договор со компанијата Hertz. Компанијата за изнајмување автомобили, претходно објави дека од Tesla нарачала 100.000 Model 3.

„Би сакал да нагласам дека сè уште не е потпишан договор“, напиша Маск во твит, сугерирајќи дека договорот сè уште не е финализиран.

Акциите на Tesla вчера паднаа за повеќе од 4%, откако извршниот директор на компанијата, Илон Маск, го доведе во прашање огромниот потенцијален договор со компанијата за изнајмување автомобили.

Најавата на Hertz минатата недела предизвика скок на акциите на Тesla за 12,6 отсто, поради што пазарната вредност на таа компанија надмина една милијарда долари. Претходно беше најавено дека Hertz ќе плати 4,2 милијарди долари за 100.000 автомобили во следните 14 месеци, што е околу една петтина од нејзината флота.