Маск призна дека социјалната мрежа Х може да пропадне

9

Илон Маск, сопственик на апликацијата X порано позната како Твитер, рече дека социјалната мрежа „може да пропадне“ откако софтверска грешка предизвикала бришење на сликите објавени пред декември 2014 година.

„Тажната вистина е дека во моментов нема големи „социјални мрежи“. Можеби ќе пропаднеме, како што многумина предвидоа, но ќе дадеме сè од себе“, напиша Маск на платформата X (Твитер).
Во текот на викендот, грешка на платформата предизвика да се отстранат сликите и линковите до објавите направени пред декември 2014 година.

Неколку корисници ја забележале грешката, а меѓу оние кои ја истакнале бил и технологот Том Коутс, кој проблемот го нарекол „епски вандализам од Маск“, пренесува Guardian.

Познатото селфи на Елен Деџенерис од доделувањето на Оскарите во 2014 година исто така беше отстрането, но подоцна беше обновено.

Фотографијата стана најсподелуваната фотографија на платформата досега, со повеќе од два милиони споделувања на платформата.

Виралниот твит на поранешниот американски претседател Барак Обама по неговата изборна победа во 2012 година остана непроменет.

Некои корисници шпекулираа дека грешката е предизвикана од обид да се заштедат трошоците за складирање податоци.

Прекинот следи по извештаите минатата недела кои сугерираат дека пристапот од X е забавен од други социјални мрежи, вклучувајќи ги Мета платформите Facebook, Threads и Instagram.

Задоцнување од пет секунди се појави и на линковите до некои новински сајтови како што се Њујорк Тајмс и Ројтерс.

На почетокот на оваа година, корисниците забележаа дека повеќе не можат да објавуваат или испраќаат пораки еден на друг и добија известување за „надмината дневна граница за твитови“.

Не функционираа ниту директните пораки, за што компанијата се извини. Претходните грешки, исто така, резултираа со тоа што корисниците не можеа да се логираат или да ги гледаат сопствените објави.

Како што потсетува британскиот весник, Twitter укинал илјадници работни места откако Маск ја презел платформата.