Маск се пожали: Фабриките во Берлин и во Остин сега се џиновски печки за горење пари

114

Најбогатиот човек во светот Илон Маск во едно неодамнешно интервју рече дека недостигот на батерии за електрични автомобили и доцнењето на синџирот на снабдување ја чинат Тесла милијарди долари.

Маск истакна дека новите фабрики на неговата компанија Тесла во Германија и во американската сојузна држава Тексас губат милијарди долари додека произведувачот на електрични возила се обидува да го засили производството.

„Фабриките во Берлин и во Остин сега се џиновски печки за горење пари“, вели Маск.

Градењето на нови фабрики на различни локации низ светот стана приоритет за Тесла во изминатите неколку години, во обид за поевтинување на дистрибуцијата на автомобили.