Маск се смее на најавената тужба на Twitter- Не сакаа да објавуваат информации за ботовите, сега ќе мора

106

Милијардерот Илон Маск во неделата доцна навечер објави фотографии од неговата реакција на најавата на менаџментот на Twitter дека ќе го тужат и ќе го принудат да го заврши преземањето на компанијата за 44 милијарди долари.

Воздржувајќи се од какви било зборови, шефот на Tesla и SpaceX објави на Твитер меме на кој се насмевнува со натписи во кои се раскажува редоследот на настаните околу неговата понуда за преземање на Twitter во последните неколку месеци.

Фотографиите од насмеаниот Маск се проследени со натписи: „Рекоа дека не можам да го купам Twitter“, потоа: „Нема да објавуваат информации за ботови“, потоа: „Сега сакаат да ме принудат да го купам Twitter преку суд“, а до последното, кое илустрира како „пукнува од смеење“ пишува: „Сега на суд ќе треба да ги откријат информациите за ботовите“.

Целото меме го покажува безгрижниот однос на најбогатиот човек на светот во однос на сложената и скапа зделка за купување на Twitter, што се одрази на падот на акциите на „Tesla“ и поради што во неколку наврати се прибегна кон привремено финансирање.