Маск сега има пари како Гејтс и Бафет заедно

155

Богатството на Илон Маск, благодарение на растот на вредноста на Tesla и SpaceX, расте незапирливо и се зголеми за повеќе од 66 милијарди долари оваа година.
Листата на милијардери на Блумберг открива дека денес има дури единаесет луѓе во светот кои тежат повеќе од 100 милијарди долари. На листата доминираат богатите од технолошкиот сектор, а во моментов првото место како најбогата личност во светот го држи Илон Маск.

Богатството на 50-годишниот Маск сега изнесува 236 милијарди долари, според индексот на милијардери на Блумберг. Гејтс е на четврто место со 130 милијарди долари, а Бафет е на 10 место со 103 милијарди долари.

Маск во јануари првпат го престигна претседателот на Амазон, Џеф Безос и стана најбогатиот човек. Безос ја држи титулата од 2017 година, а сега е на второ место со имот од 197 милијарди долари.