Маск си ја продава и последната куќа

Првиот човек на производителот на електрични автомобили, Tesla, Илон Маск одлучи да ја стави на продажба и неговата последна куќа, една недела откако беше откриено дека тој и други милијардери плаќале малку или воопшто не платиле данок на доход, пренесува Bloomberg.

Тој на почетокот на овој месец на Twitter напиша дека има само една куќа во Сан Франциско што ја изнајмува за настани и ако ја продаде тоа би било “на големо семејство кое таму ќе живее“.

Четириесет и деветгодишниот Маск пред повеќе од една година за првпат ги најави плановите за продажба на своите куќи и поголем дел од имотот што го има за да се одбрани од критиките за неговото богатство. Во рок од неколку денови, понудил на продажба два имота во Калифорнија.

Според податоците, Маск не платил сојузен данок на доход во 2018-та година, а во 2015-та и 2017-та платил помалку од 70.000 долари.

Маск во една прилика објави дека ќе продаде сè што има. Тој најави дека не сака да биде сопственик на ниедна куќа или недвижен имот.

Минатата година рекол дека живее во изнајмена куќа за околу 50.000 долари во Тексас.

Фото: Facebook