Богаташи во САД барем еднаш избегнале да платат данок: Меѓу нив Безос и Маск

25

Додека е актуелна меѓународната расправа за зголемување на данокот за мултинационалните компании, истрага на независната организација ProPublic потврди дека повеќе американски милијардери неколку години успевале во целост да избегнат плаќање даноци на приходи.

Организацијата со седиште во Њујорк, којашто на својата интернет страница истакнува дека сака да ја “осуди злоупотребата на власта и измама на довербата на јавноста“, вели дека сопственикот на Amazon, Џеф Безос во 2007-ма и во 2011-та година не платил ниту еден сојузен данок, а првиот човек на Tesla, Илон Маск не платил во 2018 година.

Во исто време Безос и Маск се меѓу најбогатите луѓе на планетата.

Претприемачот и политичар Мајкл Блумберг, бизнисменот Карл Ајхан и филантропот Џорџ Сорос, исто така, се меѓу оние богаташи кои избегнале да ги платат сите сојузни даноци во некоја година.

Организацијата дошла до тие заклучоци откако прегледала илјадници даночни пријави на богати Американци во текот на изминатите 15 години.

Фото: Freepik