Маск сруши уште еден рекорд: За еден ден стана побогат за 36 милијарди долари!

197

Нето-вредноста на Илон Маск во понеделникот се зголеми за 36,2 милијарди долари, благодарение на порастот на вредноста на акциите на Тесла.

Тоа е најголемиот еднодневен скок во историјата на Блумберговиот индекс на милијардери.

Маск сега вреди 288,6 милијарди долари, откако Тесла забележа раст на акциите од 12,7% поради договорот со компанијата за изнајмување автомобили Херц.

Акциите на компанијата за електрични автомобили пораснаа за 45% досега оваа година, помагајќи му на Маск, најбогатиот човек во светот, откако го надмина Џеф Безос во јануари и оттогаш неколкупати се менуваа, да избие уште повеќе пред сите други на планетава.

20-те отсто сопственост на Маск во компанијата се најголемиот двигател на неговото богатство, пишува Бизнис инсајдер.