Маск твитна, криптовалутата Шиба Флоки поскапе за 1.000 %

176

Основачот на Tesla и SpaceX, Илон Маск, уште еднаш предизвика промени на пазарот на криптовалути со порака на Твитер. Тој објави фотографија од своето ново милениче од расата Шиба Ину, додавајќи: “Пристигна Флоки“.

Пораката со фотографија на Твитер веднаш влијаеше на вредноста на криптовалутата Шиба Флоки (Shiba Floki), чие име потекнува од древната раса на кучиња со потекло од Кина. Според CoinMarketCap, криптовалутата порасна за 958% за еден ден.

Ова не е првпат Маск да предизвика нагло зголемување на цените на криптовалутите. Во август, цената на Шиба Ину скокна за 16% откако шефот на Теsla напиша на Твитер дека на своето ново милениче му го дал името Флоки.

Скоковите предизвикани од Маск обично се проследени со пад.