Маска за лице: Еколошка катастрофа што може да трае со децении

180

Носењето заштитни маски за лице во многу земји во светот е задолжително. И пред да станат задолжителни поради пандемијата, одлагањето на хируршките маски беше голем проблем. Неодамна на една плажа во Хонгконг, во должина од 100 метри биле пронајдени 70 фрлени маски. Во Средоземното море наводно се забележани стари маски за лице коишто плутаат по водата како медузи.

Секојдневно се соочуваме со безброј пораки околу тоа како треба да се носат маските, а многу малку се објаснува како правилно се фрлаат (одлагаат) маските и како може истите да се рециклираат, пишуваат автори од Универзитетот Портсмунд за The Converstation.

Доколку не се создаде правилна пракса за одложување на маските, а на месечно ниво се трошат и по неколку милијарди во светот, тогаш тие се сериозна закана за еколошка катастрофа. Поголемиот дел од маските се прават од долготраен пластичен материја, чие разградување, доколку се фрлат во природа, може да трае и неколку децении, па сè до стотина години, што значи дека може да имаат сериозно влијае на животната средина и здравјето на луѓето.

Некои истражувања покажале дека коронавирусот на хируршка маска може да преживее и до седум дена. Па ако е несоодветно одложена, маската ќе биде опасност и за вработените во комуналните служби, лицата кои собираат секундарни суровини и до оние кои би се доближиле до местото каде што се фрлени.

Фото: Freepik