Маска за мобилен телефон со тркалца му “бега“ на корисникот за да го разбуди

31

maska na trkalca

Алармот рано наутро е најголемиот непријател на оние кои мора да станат, па често го одлагаат будењето со опцијата snooze. Но, група научници од Јапонија создадоа 3D печатена маска со тркалца за мобилен телефон, којашто му бега од раце на корисникот ако сака да го исклучи алармот, пишува Business standard.

Освен оваа функција – Runnaway snooze, маската има уште две: Hard push и Scale trace. Преку Hard push, мобилниот телефон кога ѕвони “патува“ до неговиот корисник, за да може тој да одговори на повикот или да ја прочита пораката. Штом заврши, мобилниот телефон благодарение на маската на тркалца се враќа на своето место. Третата опција – Scale trace овозможува мобилниот телефон да се користи и за прецизно мерење на површината по којашто се движи телефонот. Корисникот може да ги мери димензиите на просторот, а има и опција find furniture, преку којашто ќе може да најде мебел што одговара на измерената површина.

Оваа 3D печатена маска има посебна технологија, којашто заедно со 3D печатените тркалца овозможува линеарни и кружни движења на телефонот, што може самиот корисник да ги контролира.