Масовно поднесуваат откази: Ковид е предизвикувачот на светскиот феномен „Голема оставка“?

247

Вчера во Италија заврши забраната за отпуштање работници, но Италијанците изгледа веќе не се загрижени што ќе се случи со нивните работни места, пренесува РТС.

Во февруари 2020 година, имаше забрана за отпуштање работници во Италија, која беше сериозно погодена од пандемијата на Ковид-19. Првиот дел од забраната престана да важи во јуни годинава и се однесуваше на четири милиони работници, а денес се однесува на повеќе од 10 милиони вработени. Медиумите го нагласуваат фактот дека за тоа се зборува многу малку, како што не се зборува доволно за феноменот на доброволно напуштање на работа: имено, на секои три месеци отказ даваат половина милион луѓе.

Вработувањето и економијата во Италија бележат три необични појави: на компаниите им е исклучително тешко да најдат работници, има многу помалку жени кои се вратиле на работа отколку мажи и никогаш, како досега, толку многу луѓе не решиле да ги напуштат своите работни места. Ова се три енигми поврзани со вработеноста во Италија.

Во август оваа година, 57 отсто од мажите веќе го надоместиле изгубеното време од јануари 2020 до јануари 2021 година, додека тој процент кога се во прашање жените е значително помал – 36 отсто до август годинава.

Во првата година од пандемијата во Италија, 530.000 мажи и 356.000 жени останале без работа. Податоците на италијанската банка покажуваат дека на жените им е тешко да ги усогласат работните и семејните обврски, па не се враќаат на работа и повеќе не мора да плаќаат за бебиситерки и домашни помошнички, за што во повеќето случаи им одела целата плата.

Засега е рано да се каже што точно е причината за оваа појава, дали е последица на неколкумесечниот „замрзнат“ пазар на трудот и јавните политики усвоени за време на кризата или вработени дојдоадо некакво „просветлување“ и решија конечно да побараат работа што повеќе одговара на нивното образование и потреби.

Исто така, можно е кризата предизвикана од пандемијата да го забрза феноменот на миграција на работна сила од сектор во криза како што се угостителството и туризмот до оние во пораст, поврзани со здравството и новите технологии.

И во двата случаи, дали се работи за привремена или трајна појава, ќе треба да се истражат последиците од давањето откази нод страна на работниците бидејќи се уште не се знае дали оние кои ќе ја напуштат работата целосно го напуштаат пазарот на труд или само ја менуваат својата позиција.

Одговорите на сите овие прашања ќе бидат важни за да се разберат кои се јавните политики кои ги следат и управуваат новите трендови на пазарот на трудот, за да се зголеми нивото на продуктивност на земјата и да се гарантира поголема благосостојба на работниците.

Ситуацијата во Америка

Во САД веќе измислија нов термин за овој феномен: го нарекуваат „Голема оставка“. Тие се повикуваат на бранот отпуштања што се случува во земјава, а како што пренесуваат медиумите се работи за луѓе кои имаат добри работни места кои се добро платени, но сите имаа синдром на „burn out“ и не најдоа излез од таква ситуација.

Ковид -19 беше еден вид активирач. Од друга страна, од економски аспект, бројот на отпуштања може да биде и показател за здрав пазар на труд.