Mastercard го “брише“ името од своето лого

16

Фото: newsroom.mastercard.com

Mastercard го “брише“ името од своето лого, па остануваат само препознатливите симболи, црвен и жолт круг, стои во официјалното соопштение.

“Промените во дигиталната ера бара модерна едноставност. Над 80% од луѓето признаваат дека го препознаваат логото на Mastercard без да биде напишано. Затоа, се чувствуваме подготвени да го преземеме следниот чекор во еволуција на брендот. Сега сме горди што може да ги видиме препознатливите кругови како стојат сами“, вели Раџа Раџаманар, главен маркетинг претставник во Mastercard.

Црвениот и жолтиот круг се белег на Mastercard повеќе од 50 години, а го симболизира ветувањето на компанијата за поврзување на луѓето со непроценливи можности.