Mastercard ја купува Finicity за 825 милиони долари

164
Business people shaking hands together

Компанијата Mastercard соопшти дека се договорила да ја купи финансиско – технолошката компанија Finicity за 825 милиони долари. Оваа компанија обезбедува поддршка на банките во размена на податоци за клиентите со други финансиски компании.

Mastercard, исто така, соопшти дека постојните акционери на Finicity можат да остварат дополнителна заработка до 160 милиони долари, доколку се исполнат целните деловни резултати.

Finicity ќе му помогнат на Mastercard да ги зајакне своите отворени банкарски услуги, кои им овозможуваат на клиентите да утврдат како и каде некоја трета страна, како финтек фирма или банка, може да има пристап до налог за плаќање во нивно име или да им обезбеди услуга за управување со пари.

Договорот за преземање се очекува да биде склучен до крајот на годинава.

Фото: Freepik