За развој на целосно електричен хиперавтомобил од нула потребно е време, a деталите за сето тоа ги открива и Мате Римац, основачот на Rimac Automobili.
Rimac C_Two концептот дебитираше во март 2018 година на Салонот во Женева, а електричниот хиперавтомобил полека се наближува до својата продукциска фаза. Мате Римац, основачот и извршен директор на Rimac Automobili, во ново видео седнува зад управувачот на предпродукцискиот прототип и го покажува речиси целиот потенцијал кој ќе го има првиот хиперавтомобил на неговата компанија кој треба да пристигне во продукциска форма за неколку месеци.
Овој прототип е целосно хомологиран за користење на патиштата и Римац ја прикажува сета моќност која C_Two ја поседува, како и фасцинантното забрзување, иако автомобилот се уште не е 100 проценти подготвен. Покрај неверојатното забрзување, најголемо за еден продукциски модел, Rimac C_Two се испроба во директна битка со Porsche Taycan Turbo S.
Преземено од Avtoplus.mk