Матичната компанија на Mercedes за прв пат ќе добие шеф од негерманско потекло

55

Daimler, матичната компанија на Mercedes Benz за прв пат од своето постоење назначи директор што нема германско потекло. Станува збор Ола Калениус од Шведска, кој е во компанијата од 1933 година, од почетокот на неговата кариеара, пишува CNN.

Калениус кој веќе подолго време беше подготвуван за оваа позиција, доаѓа на местото на легендарниот Дитер Цече кој раководеше со германскиот производител на автомобили 12 години.

Според раководството Калениус е најдобро решение за замена, а официјално ќе биде назначен за главен извршен директор на Daimler во 2019 година и ќе ја води транзицијата на гигантот кон електрични возила.

Компанијата неодамна го најави и проектот “Future“ дизајниран да го направи производителот пофлексибилен и да го насочи повеќе кон автономни возила.

Цече, ќе остане во Надзорниот одбор на Daimler, најверојатно како претседател.

Фото: Daimler