Маврово и Берово со добри резултати во туристичката сезона

104

Податоците за Маврово – Ростуше (Националниот парк Маврово) за првите 10 месеци од 2020 година и покрај затворањето во април, мај и дел од јуни кога не работеа сместувачките капацитети, покажуваат дека се остварени 22.453 ноќевања од страна на 11.098 туристи, а за истиот период во 2019 година имало 20.563 ноќевања и 10.394 туристи во сместувачките капацитети. Ова е раст од 6% за домашните туристи и од 9% за ноќевања, во споредба со 2019 година, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

Во Берово, според него, има покачување од 29% на домашните туристи, додека бројот на ноќевања е зголемен за 37% во однос на истиот период 2019 година.

Тој за оваа година најави поддршка на туризмот преку Програмата за развој на туризмот во земјава, за што се предвидени 31 милион денари за повеќе мерки за промоција на туристиката понуда на Македонија.

Фото: Pixabay