Maybach слави еден век луксуз со нови S-Класа и GLS Edition 100

23

Mercedes-Maybach го слави своето едновековно постоење со лансирање на специјална верзија за S-Класа и GLS наречени Edition 100.

Ограничени на по 100 примероци, Maybach лансира Edition 100 верзии на своите варијанти на новата S-Класа и GLS. Двата модели се одликуваат со рачно фарбани сребрени и наутичко сини екстериери со уникатни тркала кои се одликуваат со нов сив финиш. Останатите промени се ограничени, но овие специјални модели исто така добиваат и Edition 100 беџови.

Во кабината се наоѓаат прекрасни кристално бели и сребрено сиви бисерни кожни тапацири кои се во контраст со црното дрво. Купувачите исто така ќе најдат и осветлени странични прагови и асортиман на Maybach Edition 100 логоа.

Од компанијата не откриваат премногу спецификации, но ултра луксузниот GLS има битурбо 4,0-литарски V8 мотор кој испорачува 557 КС и 730 Nm максимален вртежен момент. Ова треба да му овозможи на моделот да забрза од нула до „стотка“ за 4,9 секунди пред да достигне максимална брзина од 250 километри на час.

Од друга страна, Mercedes-Maybach S-Класа поседува битурбо 6,0-литарски V12 мотор кој испорачува 630 КС и 1.001 Nm максимален вртежен момент. Ова е доволно за спринтот од 0 до 100 километри на час да се достигне за околу 4,5 секунди, додека максималната брзина изнесува 209 километри на час.

Како бонус, купувачите ќе добијат Maybach прекривка за своите модели и кристално бела или торба од црна кожа. Компанијата исто така направи соработка со Robbe & Berking за да понуди сребрени шампањски чаши со специјално гравирање. Ако ова не е доволно екстравагантно, тука е и пенкало со врв од 18-каратно злато, 100 дијаманти и бисерно капаче.

Во Германија нарачките ќе се примаат во четвртиот квартал од годината, а испораките ќе започнат кон почетокот на следната година.

Преземено од Avtoplus.mk