Mazda ја прослави 100-годишнината од своето основање

4

Фабриката е основана во 1920 година во Хирошима како Toyo Cork Kogyo. Првите 15 години фабриката произведувала разни алати и камиони со три тркала.

Производството на првото возило, мотоциклот со три тркала и простор за багажник – Mazda-Go, започната е во 1931 година и траела до Втората светска војна. И покрај катастрофата којашто беше предизвикана со атомската бомба фрлена врз Хирошима на крајот од војната, компанијата повторно започнала со производство само неколку месеци подоцна, а во 1960 година го претстави и првиот патнички автомобил R360.

Во 1961 година Mazda влегува во техничко партнерство со германската компанија NSU (подоцна Audi) и работи на развојот на ротациони мотори, познати како Ванкелови мотори. Јапонската компанија станува еден од најголемите производители на ротациони мотори и, со постојаните унапредувања, ги вградува во своите модели. Истата година, Mazda го претставува својот прв пикап B серија по којшто подоцна станува општо позната сè до денес кога Mazda ја претставува последната еволуција на овој модел – новиот BT-50.

Mazda во 1968 година го претстави првиот модел за Wankel мотор R100, a во 1988 година ја основа Mazda Motor of America.

Во 1989 година претставен е моделот MX-5 Miata, којшто со повеќе до милион продадени единици стана најпродаваниот спортски двосед во историјата. Како прва азиска марка на автомобили во 1991 година победи на трката 24 часа Ле Ман, а RX-7 стана модел со најмногу бодови во историјата на тркањето кое го спонзорира International Motor Sports Association.

Говорејќи за јубилејот, Акира Марумото, претседателот и извршен директор на компанијата, нагласи дека успеале да минат пат од производител на алат до успешен производител на автомобили во повеќе од 130 земји и региони и им се заблагодари на купувачите, трговците, доставувачите и другите бизнис партнери за соработката и поддршката во периодите кои некогаш биле повеќе, а понекогаш помалку успешни.

Mazda оваа година ќе ја прослави својата сто годишнина, а историски инспирираниот асортиман на модели се очекува да биде претставен на Саемот за автомобили во Женева во март.

Исклучително интересен увид во богатата историја на брендот, меѓу останатото, овозможува и посетата на музејот Mazda Classic – Automobil Museum Frey во Аугзбург. Тоа е првиот музеј надвор од Јапонија во кој се наоѓаат класични модели на Mazda, a развиен е од една од најголемите светски приватни колекции.

Преземено од Avtoplus.mk