Мажи доминираат во ИТ секторот во ЕУ

26

Фото: Pixabay

Во текот на минатата година, околу 8,9 милиони луѓе биле вработени како ИТ специјалисти во Европската унија. Во оваа професија, според Eurostat, доминираат мажите, а само 17% или 1,5 милиони се жени.

Меѓу земјите членки, најниска стапка на вработени жени во овој сектор има во: Унгарија (9%), Чешка (10%) и Грција (11%). Од друга страна, најголем процент има во Бугарија (28%), Литванија (25%) и Романија (24%).