мБанкаКо – нова мобилна апликација на Комерцијална банка

204

Во рамки на определбата на Комерцијална банка АД Скопје за постојана грижа за своите клиенти, на петти овој месец се одржа настан Ден за Вас – На пат кон дигитална трансформација, наменет за корпоративните клиенти на банката.

Тргнувајќи од влијанието на технологиите во современиот живот, како и забрзаната динамика во извршување на секојдневните деловни, но и приватни обврски, банката работеше на тоа да понуди нови дигитални решенија кои ќе им овозможат на клиентите да управуваат со средствата на компанијата на едноставен, сигурен и брз начин. Во таа насока е и воведувањето на новата мобилна апликација на Комерцијална банка, мБанкаКо, којашто ексклузивно беше промовирана на настанот Ден за Вас – На пат кон дигитална трансформација.

Мобилната апликација мБанкаКо користи најсовремени решенија кои истовремено нудат и најудобно и наједноставно користење на банкарските услуги преку user friendly кориснички интерфејс и највисоко ниво на сигурност за клиентите. мБанкаКо има вградени контроли кои овозможуваат проверка на внесените податоци, а за поголема сигурност на корисниците, апликацијата има вградени максимални лимити за дневен и за месечен промет, дефинирани од банката.

Во мобилната апликација мБанкаКо во целост се пренесени авторизациите од постојната Интернет банка за правни лица (прегледувач, внесувач, потписник, испраќач) и е овозможена комбинација на улогите. мБанкаКо овозможува увид во состојбата, промените и во изводот на сметките (денарска и девизна трансакциска сметка), пренос на средства од денарската трансакциска сметка кон други сметки во платниот промет во земјата со ПП30, ПП50 и ПП53 (внесување, потпишување и испраќање на реализација на електронски налог за плаќање), продажба на девизи од девизна трансакциска сметка, пристап до информации за деловните картички и можност за администрирање на дневни и на периодични лимити на деловните картички и прием на нотификации за прилив/одлив од денарската трансакциска сметка, деловните картички и од девизните сметки, со можност за поставување минимални износи за добивање нотификации. Повеќе за апликацијата може да прочитате на следниот линк .

На настанот Ден за Вас – На пат кон дигитална трансформација беа претставени и новите можности кои ги нуди услугата Интернет банка за правни лица, пред сè можноста за потпишување налог за исплата на готовина ПП40 и определување лице кое ќе ја подигне готовината на шалтер.

Вработени во банката на присутните на настанот им ја презентираа и KomPay, бесплатната мобилна апликација на Комерцијална банка која овозможува бесконтактно плаќање на продажни места. KomPay апликацијата овозможува со помош на дигитализирани платежни картички да се вршат плаќања на ПОС терминали кои ја поседуваат технологијата за бесконтактни плаќања, без употреба на физичката банкарска картичка.

Грижата за клиентите продолжува и во иднина и банката ќе продолжи да работи и понатаму за надградување на понудените услуги и за нивно прилагодување на потребите на своите клиенти.

Банката изразува голема благодaрност до присутните клиенти и се надева дека понудените новитети ќе им бидат од голема корист во секојдневното работење.