McDonald’s повеќе нема да користи вештачки адитиви во своите сендвичи

5

Американскиот ланец за брза храна McDonald’s најави промени во своето мени, пишува CNN. Имено, компанијата ќе ги елиминира вештачките додатоци во своите сендвичи, со цел да понуди поздрава опција за своите купувачи.

Станува збор за седумте најпопуларни бургери – хамбургер, чизбургер, двоен чизбургер, McDouble, Quarter Pounder со кашкавал, двоен Quarter Pounder со кашкавал и Биг Мек, за коишто McDonald’s вети дека нема да содржат вештачки конзерванси, вкусови и бои.

Промената ќе се однесува на секој дел од сендвичот од лепчето, до сосовите. Единствена состојка што останува иста се киселите краставички.

Ова не е прв пат ланецот за брза храна да направи промена кон поздрави оброци. Во 2016, McDonald’s ги отстрани вештачките конзерванси од своите McNuggets и го елиминираше фруктозниот сируп од пченка од лепчињата.

Пред неколку месеци компанијата внесе свежо наместо замрзнато говедско во своите Quarter Pounders и додаде млеко како опција во оброкот Happy Meal.

Фото: Pixabay