Ресторанот McDonald’s во Јапонија лансираше три специјални гурмански бургери полнети со тенки парчиња од ананас, црни тартуфи и Чоризо колбас, секој од нив со цена од 10 долари.
Премиум сендвичите, беа презентирани во светкави, бели луксузни кеси, украсени со златни рачки, кои беа освежувачка замена за досегашните пакувања на бургерите.
На кутиите кои личеа на мали подароци, имаше испишано имиња како Gold Ring, Black Diamond and Ruby Spark, ограничена серија од Quarter Pounder Jewelry Series.
Сендвичите беа наизменично пуштани во продажба и се продаваа за само еден ден.
Најзабележителен од сите беше бургерот Gold Ring полнет со тенки парчиња ананас на скара, парчиња пушена сланина, сирење Monterey Jack и скара сос.
Бургерот Black Diamond се состоеше од печурки на скара, кромид, кашкавал и сос од црни тартуфи, додека Ruby Spark имаше парчиња од лутиот чоризо колбас , авокадо, и кашкавал Pepper Jack.