McLaren го продаде седиштето на компанијата во Вокинг

89

McLaren групацијата одлучи да го продаде легендарното седиште на својата компанија во Вокинг, но и покрај тоа нема да го напушти истото во брзо време.

Британскиот автомобилски производител потврди дека го продаде комплексот каде се наоѓаат технолошкиот центар, производствениот центар и McLaren Thought Leadership центарот за 170 милиони фунти, со што се остварија претходните најави на компанијата. Овој посед е откупен од американската компанија Global Net Lease. Сепак, и покрај продажбата, McLaren останува во Вокинг, потпишувајќи договор за наем во времетраење од 20 години и ќе продолжи да го користи комплексот како седиште на компанијата.

McLaren првично објави дека има намера да го продаде своето седиште минатата година како еден начин да се балансираат финансиските книги по тешката 2020 година и кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Минатата година, компанијата исто така успеа да собере 291 милиони фунти во капитал во март и обезбеди 150 милиони фунти заем од Националната банка на Бахреин во јуни 2020 година. McLaren размислуваше да ја стави под хипотека својата историска колекција на автомобили.

“Навистина сме возбудени да објавиме дека овој комплекс од светска класа ќе стане дел од портфолиото на GNL. Се радуваме на долгогодишното партнерство со McLaren и бенефициите кои оваа трансакција ќе ги донесе за GNL. Оваа аквизиција е вистински пример за способноста на GNL да осигура големи можности и акредитивни можности за враќање во закуп на еден конкурентен пазар, со што се додава значителна вредност на нашето севкупно портфолио“, изјави извршниот директор на Global Net Lease, Џејмс Нелсон.

Договорот се очекува да биде финализиран до крајот на мај.

Преземено од Avtoplus.mk