McLaren создаде штитник за телото на возачите

24

untitled

Фото: McLaren

Освен производство на спортски и луксузни автомобили, Британската компанија McLaren има и дел што се занимава со креирање на здравствени препарати по мерка. Последен таков производ во низата на Applied Technologies е Invincible shield – штитник за телото на возачите.

Идејата за изумот доаѓа од барање на еден клиент кој посакал да се дизајнира соодветен штитник којшто ќе ги заштитува виталните органи по операција. Тој има функција како граден кош и ги штити виталните органи како срцето и белите дробови, но и долните делови од торзото при ненадеен удар.

Invincible shield ја користи технологијата на Формула1 (F1) како Zylon влакната, што ги користат сите F1 тимови во нивните автомобили за заштита од странични удари.

Тимот којшто работеше на проектот се состои од механички инженери, индустриски дизајнери, лекари и останати специјалисти. Производот беше тестиран во истите лаборатории што ги користи и тимот на Формула 1 за тестирање на возилата при евентуални несреќи.