Мебел изработен од текстил што не пропушта звук и е отпорен на оган

29

wide-image-end

Фото: Francesco Forcellini

Италијанскиот дизајнер Франческо Форчелини креираше ѕидни прегради, канцелариски столчиња и масички што се вклопуваат во океанскиот тип на работни простории, пишува Designboom.

Преградите се отпорни на звук и оган, лесно се местат и носат каде што е потребно. Лесниот транспорт како и отпорноста се овозможени благодарение на специјална ткаенина, дело на дизајнерот.

Материјалот се мести на структура од алуминиумски цевки. Елементите можат да стојат самостојно, па затоа е лесно да се поместуваат во зависност од потребите на просторот. Можат да се соберат без да зафатат многу простор за лесен транспорт. Благодарение на нивната форма, ѕидните прегради се местат во права линија или заоблени.