Мебел-Ви успешно освојува нови пазари

41

Мебел-Ви како компанија постои од 1997 година, и веќе 22 години ужива најголема доверба кај потрошувачите во Македонија. Семејството на задоволни купувачи и партнери, во земјата и странство, постојано се зголемува и расте благодарејќи на исполнувањето на поставената мисија да се понуди препознатлив квалитет со многу предности пред останатата понуда, функционалност кај производите и исклучително купувачко искуство во своите големи продажни центри.

Освен на Македонскиот пазар, Мебел-Ви во последните години значително го зголемува настапот и на странските пазари и веќе последните години бележи огромен раст на извозот на неколку нови пазари.

Бројките од првите пет месеци годинава покажуваат двојно зголемен извоз во однос на истиот период од ланската 2018 година. Анализата на извозните бројки покажува генерален раст на извозот во сите под-категории и од сите видови производи. Она што особено охрабрува е зголемувањето на партнерската мрежа низ Европа каде се достапни производите на Мебел-Ви. Според анализата, големиот раст на извозот на Мебел-Ви освен што се должи на освојувањето на нови пазари, се должи и на зголемувањето на обемот на работа во постојните земји каде извезува веќе подолг период.

Гарнитурите и производите на брендот Мебел-Ви и премиум сегментот Mondivi, веќе се присутни и препознатливи и на пазарите во соседните Балканските земји како и во Австрија, Хрватска, Словенија и Романија, а во најава се и неколку нови договори за настап во уште неколку земји од Европската Унија.

Една од новините е дека од 2018 година компанијата за прв пат е директно присутна со понуда во Швајцарија каде на пазарот заеднички настапува со партнерска компанија со заеднички магацини, а веќе се планира како следен чекор и отворање на изложбен салон.

Новина е и настапот во Унгарија каде компанијата е присутна во неколку големопродажни ланци, и првичниот фидбек кој го добиваат од купувачите и партнерите таму е охрабрувачки. До крајот на годината се очекува влез и во неколку други меѓународни продажни ланци кои се присутни на унгарскиот пазар.

Во претходните години Мебел-Ви работеше напорно на зголемување на производниот капацитет, се инвестираше многу во софистицирана технологија за секој дел од процесот на производство на мебел и се обезбеди пристап до најдобрите добавувачи на суровини во земјава и во светот.

Сето ова овозможи Мебел-Ви да се фокусира на создавање на исклучителна понуда со строго контролиран квалитет со којашто, освен на нашиот пазар, компанијата стана конкурентна и на Европскиот пазар на мебел. Постојаното усовршување и едуцирање на тимот кој брои повеќе од 180 висококвалификувани вработени дава уште една сериозна предност и ја прави компанијата посебно горда на Мебел-Ви семејството.