Median ambulance – амбулантно возило независно од сообаќајниот метеж

24

Фото: Yanko design

Специјална амбуланта, што е независна од сообраќајниот метеж, е создадена од страна на јужнокорејски дизајнери, пишува Design boom.

Ова специјално амбулантно возило, под името Median ambulance, се поставува на заштитната ограда што ги двои спротивните ленти од патиштата. Дизајнот на возилото подразбира лизгачки врати од двете страни, за да може да пружат помош на двете страни од патот.

Во внатрешноста на возилото има доволно простор за носилка за повредениот, асистент и уште едно лице што ќе се грижи за повредениот.