Медика Истанбул Тетово – нова поликлиника со најсовремена опрема

128

1

Дванаесет оддели сместени на 2.000 метри квадратни во нов современ концепт на медицинска установа со врвна апаратура ја сочинуваат новата поликлиника во Тетово, Медика Истанбул, што ќе се отвори наскоро. Тимот на доктори од Македонија во соработка со врвни имиња од Турција ќе бидат на располагање на пациентите во делот на радиологија, нуклеарна медицина, ортопедија, неврологија, урологија, гинекологија, педијатрија, општа хирургија, интерна медицина, ендокринологија, дијагностичка биохемиска лабораторија и стоматологија.

Комбинацијата на локално искуство со меѓународно искуство ќе ја позиционира оваа поликлиника во врвна услуга во делот на примарното и секундарното здравство. Најсовремената опрема со која располага, пак, ќе овозможи брза и ефикасна дијагностика што е предуслов за навремено справување со здравствените проблеми.

Медика Истанбул во Турција е препознатлива по прецизниот дијагностички скрининг и рано откривање на болести, а токму овие принципи на работа ќе се применува и во Тетово.

Нудејќи услуги и во примарната здравствена заштита, поликлиниката има соработка со Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, со што на пациентите ќе им бидат достапни врвни здравствени услуги според цените одредени од Фондот