“Медузи“ ја прочистуваат водата и служат како градини за овошје и зеленчук

46

JELLYFISH-LODGE-by-Janine-Hung-4-1020x610-768x459Жанин Ханг, дизајнерка од Сингапур, креираше пловни структури, во форма на медузи, што ја прочистуваат водата преку собирање на распаднат отпад, обезбедуваат здрава почва за одгледување на овошје и зеленчук и го прочистуваат воздухот преку специјален систем.

Објектите имаа специјални “пипала“ за собирање ѓубре, градини и системи за филтрација коишто работат во служба на околината. Преку вградени панели се снабдуваат со сончева енергија и на тој начин функционираат додека пловат, пишува True Activist.

JELLYFISH-LODGE-by-Janine-Hung-Wide-1020x546-768x411

Секоја од “медузите“ има своја внатрешна градина што ја користи филтрираната загадена вода, а долгите пипки го собираат ѓубрето без да му наштетат на подводниот свет. Штом водата се прочисти се враќа во околината. Засега, ова е само идеја којашто доби посебно признание (Honorable Mention) на овогодишниот натпревар за биодизајн – Biodesign Competition.