Мегапроект што може да го промени светот – градат најкомплексна машина

Четиринаесет години откако добија зелено светло за проектот, група научници со седиште во Франција почнаа да работат на уред што треба да покаже дали нуклеарната фузија, која е извор на енергија на Сонцето, може да биде безбеден и одржлив извор на енергија на Земјата.

“Уредот ITER ќе биде составен од речиси еден милион компоненти, а првите експерименти треба да почнат во декември 2025 година. Фузијата обезбедува чиста и сигурна енергија без јаглерод“, се вели во соопштението од 35 земји потписнички на проектот.

Како што многумина ја нарекуваат “Најголемата сложувалка на светот“ ќе се составува во малата општина Сен Пол-лес Дуранс во јужна Франција, од научници од целиот свет. Групата ITER се состои од 27-те членки на Европската Унија, Швајцарија, Велика Британија, Индија, Јапонија, Јужна Кореја, Русија и САД.

Според научниците, реакторот би можел да ја достигне својата полна моќ во 2035 година.

Потфатот почнува по пет години одлагање. Буџетот за проектот денес изнесува речиси 20 милијарди евра, трипати повеќе отколку што беше првично предвидено.

Фото: Pixabay