Меѓународната трговија со стоки во еврозоната во јули забележа суфицит од 14,2 милијарди евра

Првите проценки за билансот на еврозоната покажаа суфицит во трговијата со стоки со остатокот од светот од 14,2 милијарди евра во јули 2026 година, во споредба со 10,7 милијарди евра во јули 2025 година.

Извозот на стоки од Еврозоната кон остатокот од светот во јули годинава изнесуваше 276 милијарди евра, што претставува зголемување од девет проценти во споредба со јули 2025 година (253,3 милијарди евра), објави Европската канцеларија за статистика – Евростат.

Увозот од остатокот од светот изнесуваше 261,8 милијарди евра, што претставува зголемување од 7,9 проценти во споредба со јули 2025 година (242,6 милијарди евра).

Еврозоната забележа трговски суфицит од 14,2 милијарди евра во јули, речиси двојно повеќе од 7,2 милијарди евра во јуни 2026 година. Во споредба со јули 2025 година, кога суфицитот изнесуваше 10,7 милијарди евра, ова претставува подобрување од 3,5 милијарди евра. Ова зголемување главно се должи на поголем суфицит во секторите хемиски и сродни производи, други готови производи, како и храна и пијалоци, што делумно беше компензирано со намалување на суфицитот кај машините и возилата.

Во периодот од јануари до јули оваа година, еврозоната забележа суфицит од 17 милијарди евра, во споредба со 92,8 милијарди евра во периодот јануари-јули 2025 година.

Извозот на стоки од Еврозоната кон остатокот од светот се зголеми на 1.763,6 милијарди евра (зголемување од 1,2 проценти во споредба со периодот јануари-јули 2025 година), а увозот се зголеми на 1.746,6 милијарди евра (зголемување од 5,8 проценти во споредба со периодот јануари-јули 2025 година).

Трговијата во рамките на Еврозоната се зголеми на 1.654,0 милијарди евра во периодот јануари-јули 2026 година, што претставува раст од пет проценти во споредба со периодот јануари-јули 2025 година.

Во јули 2026 година, ЕУ оствари суфицит од 8 милијарди евра во трговијата со стоки со остатокот од светот, во споредба со 9,8 милијарди евра во јули 2025 година.

Извозот на стоки од ЕУ во земји надвор од Унијата во јули оваа година изнесуваше 247,1 милијарди евра, што претставува раст од 7,8 проценти во споредба со јули 2025 година (229,2 милијарди евра).

Увозот од остатокот од светот изнесуваше 239,1 милијарди евра, што е зголемување од девет проценти во споредба со јули 2025 година (219,5 милијарди евра).

Во јули, ЕУ забележа трговски суфицит во размената на стоки од осум милијарди евра. Ова претставува зголемување во споредба со 2,4 милијарди евра во јуни 2026 година, но исто така и намалување во споредба со 9,8 милијарди евра во јули 2025 година. Намалувањето во споредба со јули минатата година првенствено се должи на помалиот суфицит во секторот за машини и возила, кој делумно беше компензиран од поголемите суфицити кај хемикалиите и сродните производи, како и храната и пијалоците, и намалениот дефицит кај другите готови производи.

Во периодот од јануари до јули 2026 година, ЕУ забележа дефицит од 13,8 милијарди евра, во споредба со 84,0 милијарди евра во периодот јануари-јули 2025 година.

Извозот на стоки од ЕУ во земји надвор од Унијата се намали на 1.565,1 милијарди евра (намалување од 0,6 проценти во споредба со периодот јануари-јули 2025 година), додека увозот се зголеми на 1.578,9 милијарди евра (зголемување од 5,9 проценти во споредба со периодот јануари-јули 2025 година).

Трговијата во рамките на ЕУ се зголеми на 2.581,6 милијарди евра во периодот јануари-јули 2026 година, што претставува раст од 6,1 процент во споредба со периодот јануари-јули 2025 година.