Меѓународен саем за туризам во Скопје

17

Во организација на Vas tour operator – Македонија, денеска во Скопје ќе се одржи Меѓународен саем за туризам.

Целта на манифестацијата, според организаторот, е да ги поврзе сите претставници на хотели од блиските и егзотичните дестинации со оние на кои им е потребно ново патувачко искуство и нови спомени за раскажување и споделување. Заинтересирани ќе имаат можност да добијат информации за повеќе светски дестинации и да направат резервации за патувања.

На саемот ќе присуствуваат претставници од Албанија, Грција, Црна Гора, Турција, Бугарија, Египет, Тајланд и Малдиви.