На Факултетот за електротехника и информациски технологии денеска ќе се одржи меѓународен семинар на тема Современи технологии за гасификација од биомаса и нивната практична примена.
Целта е преку соработка на науката, бизнисот и владиниот сектор, учесниците да се запознаат со најновите информации за напредните, модерните технологии за гасификација од биомаса достапни на пазарот.