Првата меѓународна градинка на CEL Global, St. Paul го одбележа првиот патронат. Во присуство на соработниците и семејствата на децата, со интересен настан, исполнет со забава, музика и претстави, што го приредија нејзините ученици, менаџментот на градинката го прослави патронатот.
“Пред девет месеци, инспирирани од децата од предучилишна возраст и нивните потребни за модерна и современа едукација, ентузијастички и со големи очекувања ја отворивме првата меѓународна градинка на нашата компанија CEL Global. Периодот од една година успешно постоење е многу значаен за нас, затоа што не прави особено горди сознанието дека во просториите на нашата градинка, децата од претшколска возраст секојдневно учат, се забавуваат, уживаат во различни активности, но пред се, растат и созреваат во независни личности. Посветата и заложбата во оваа институција изминатиот период го оправда нашиот труд и создаде успешна приказна што веруваме дека уште долго ќе трае“, изјави Гурав Семвал, генерален менаџер на St. Paul’s Kindergarten.
Во периодот од девет месеци, во градинката одлично функционираат четири групи за деца на возраст од една до пет години што престојуваат во безбедна средина, истовремено мотивирани да стекнат љубов кон учењето, но и да се забавуваат со големиот број на интересни активности, засега несекојдневни за градинките во Македонија.
Градинката St.Paul работи по интернационални стандарди, карактеристични за сите градинки низ светот менаџирани од CEL Global. Градинката исто така го применува познатиот Монтесори метод – образовен пристап кој се употребува во илјадници образовни институции низ светот. Монтесори методот се базира на истакнување на уникатноста и независноста на секое дете, како и поттикнување на креативно и критично размислување, наместо наметнување на механички задачи и активности.
Децата имаат можност сами да ја креираат нивната листа на активности од понудениот избор на градинката, од стандардните забавни игри и прослави, до вежби за развој на интелигенцијата, јога и драма. Целата програма се одвива истовремено на македонски и на англиски јазик.