Милијардерката Мекензи Скот, новинарка, писателка и поранешна сопруга на основачот на Amazon, Џеф Безос, донира уште 2,7 милијарди долари на хуманитарни организации.
На нејзиниот блог објавила дека сака да ги донира парите на оние “кои историски биле недоволно финансирани и занемарени“. Одбрала 286 организации коишто се занимаваат со уметност, образование и борба против расна нееднаквост.
Скот е една од најбогатите жени во светот. Поголем дел од богатството го стекна во 2019 година, откако се разведе од Безос, кој моментално е најбогатиот човек во светот.
Таа во рамки на бракоразводната парница доби 4% од акциите на Amazon, бидејќи го помогнала основањето на компанијата во 1994-та година.
Во декември објави дека за само четири месеци донирала повеќе од четири милијарди долари на хуманитарни организации што управуваат со жени, банки за храна и колеџи за Афроамериканци.
И покрај сите донации, нејзиното богатство се проценува на 59,5 милијарди долари.
Фото: Facebook