Меки вештини што мора да ги владеете за да постигнете успех

108

topcinja

Фото: Pixabay

Како што одминува времето, работодавачите нема да ги интересира каде сме ги добиле вештините, туку само дали ги имаме.

Сепак постојат одредени меки вештини (soft skills) и начин на однесување што морате да ги совладате пред да зачекорите низ големата врата.

Држете ги очите отворени

Секогаш внимавајте што се случува околу вас и ангажирајте ги сетилата максимално. Понекогаш важните работи се на два чекора од случувањето.

Пристигнувајте порано на состаноци

Ова е потребно од ред причини, како доволно време да ја најдете локацијата и да си ги средите мислите и емоциите.

Не зборувајте само за вас

Слободно поставувајте им прашања на другите и обидете се да не го насочувате разговорот кон вашите интереси. Ќе бидете најинтересната личност во собата.

Прифатете критика

Ако не научите да прифаќате критика до својата 30 година, ќе наидете на “попатни” проблеми.

Како другите, така и вие

Ако некој напише имејл преполн со извичници, нека биде и вашиот исто толку енергичен. Доколку сте во присуство на мирна и резервирана личност воздржете се и вие со коментари и прашања. Ако се однесувате како другите, секогаш ќе бидете во право.

Раскажувајте приказни

Ако сакате да добиете нечие внимание, мора да бидете интересни. Треба да умеете да раскажувате случки на начин што ќе го задржи вниманието на луѓето.

Исполнете го ветеното

Или подобро кажано не ветувајте нешто што не можете да го исполните.

Треба да знаете кога е доста

Секој човек си има свои граници што не сакате да ги преминете. Иако искуството и повратната информација се потребни за да знаете кога да застанете, обидете се колку можете да ја совладете вештината на премолчување. Со текот на времето ќе разберете зошто.