Мелена сол – нов производ на Благој Ѓорев

345

melena sol KRISTAL 2

Успешната македонска компанија со 90-годишна традиција Благој Ѓорев АД Велес го збогатува своето портфолио со уште еден производ – зачинот мелена сол. Покрај добро познатите Кристал масло за јадење и Кристал маргарин, како и останатите висококвалитетни производи за широка потрошувачка, и овој нов зачин од Благој Ѓорев со ароматичен мирис и специфичен вкус ќе се потруди да ги освои срцата на потрошувачите.

Мелена сол е зачин во чиј состав влегуваат неколку ароматични билки. Во фабриката на Благој Ѓорев се произведува по традиционална рецептура, со природни зачини грижливо одгледани и собрани во погодните сезони, без вештачки додатоци или засилувачи на вкус, по современ начин на производство и во согласност со безбедносните стандарди за квалитет. Откако сите билки потребни за производтвото на оваа сол се собираат и сушат постепено на ниска температура, се мелат се додека смесата не стане како брашно. На оваа смеса и се додаваат чубрика и црвен пипер, како и други традиционални ароматични билки. Мелената сол се нуди во две варијанти, односно вкусови – блага и лута.

“Драго ни е што семејството на производи на Благој Ѓорев е побогато за уште еден член. Мелената сол традиционално е еден од омилените зачини за Македонците, но и еден од најкарактеристичните зачини за овој регион воопшто. Претставува идеален додаток во готвењето на најразлични салати, супи, печено месо, компири, леб, разни зеленчуци, сосови за тестенини и др. при што јадењета добиваат пријатен мирис и одличен вкус. И понатаму ќе вложуваме во развој на нови производи и освојување на нови пазари, континуирано унапредување на процесот на производство, како и подобрување на квалитетот на нашите производи, за Благој Ѓорев да остане брендот кој потрошувачите го преферираат и го сакаатˮ, изјавија од Благој Ѓорев.

Рецептот за приготвување на мелената сол е различен во различни краеви во Македонија. Оргиналниот рецепт е од Кратово и доаѓа директно од падините на Осоговските Планини во Македонија, а се меша со сол директно од Егејското Море. Мелената сол во Македонија е позната и како толчена, шарена или к`цана сол. Традиционалниот рецепт, како и количината на различните билки се пренесува низ генерациите и се чува во тајност.