Меморандум за развој на активниот туризам во Македонија

24

Во Скопје денес ќе биде потпишан Меморандум за разбирање меѓу Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Преку меморандумот ќе се формализира соработката меѓу потписниците со цел спроведување на иницијатива за развој на активниот туризам во Македонија, која вклучува еко, културен, спортски, селски и вински туризам.

Потписници на Меморандумот ќе бидат Карл Ларкинс, Директор на Проектот за експанзија на мали бизниси и Кристијан Џамбазовски, Директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Во рамки на соработката меѓу потписниците вклучено е и формирање на Работна група за туризмот во Македонија која ќе ги поврзе сите претставници на локалните туристички претпријатија, како и државната и локалната власт, за да се поттикне развојот на оваа индустрија.

Исто така ќе бидат организирани AdventureEDU обуки за локалниот туристички сектор, студиско патување за запознавање на туроператори специјализирани за активен туризам со понудата во Македонија и Регионален самит на Здружението за активен туризам (Adventure Travel Tourism Association) во домаќинство на државите од Западниот Балкан во 2015 година.