Меморандум за соработка меѓу Македонска берза, КХВ и Институтот на директори

23

Фото: Pixabay

Комисија за хартии од вредност (КХВ), Македонската берза АД Скопје и Институтот на директори потпишаа Меморандум за соработка.

Потписниците на овој Меморандум имаат заедничка цел за промовирање на добрите практики на Корпоративното управување преку зголемување на нивото на едукација на оваа значајна тема и подобрување на деловното окружување преку промовирање на одличноста во корпоративното управување и помош и поддршка на директорите во остварувањето на нивните функции.

Соработката ќе започне со организација на втората Обука за корпоративни секретари во Република Северна Македонија. Улогата на корпоративниот секретар е да се унапреди квалитетот на корпоративното управување во компанијата и да се почитуваат постојните корпоративни правила и политики, притоа грижејќи се за примена на законските процедури од страна на органот на управување и остварување на правата и обврските на одборот на директори, односно надзорниот одбор во согласност со законите, статутот и другите акти на друштвото.