Меморандум за соработка меѓу македонската и хрватската народна банка

22

Гувернерите на народните банки на Македонија и Хрватска, Димитар Богов и Борис Вујчиќ, денеска потпишаа Меморандум за соработка и размена на информации во областа на монетарната политика и примената на макропрудентните мерки.

Меморандумот предвидува размена на знаења и искуства во областа на банкарството, примената на меѓународните принципи и супервизорски стандарди за претпазливо банкарско работење, заради натамошен развој и јакнење на финансиската стабилност и поттикнување одржлив економски раст во двете земји.

Овој меморандум е резултат на долгогодишните пријателски односи меѓу двете централни банки и воедно, обезбедува продлабочување на соработката и успешно остварување на проектите и иницијативите што ќе произлезат во наредниот период.