Меморандум за зголемување на соработката во зимскиот туризам со Србија

25

Сојузот на стопански комори (ССК) на Македонија и туристичката организација Златибор од Србија потпишуваат меморандум за соработка, во којшто се предвидуваат специјални понуди за македонските туристи, јавува Миа.

Целта на меморандумот е да се зголеми соработката во зимскиот туризам меѓу двете земји.

“Зимскиот туризам нуди можности за зголемување на протокот на индивидуални туристи и групи меѓу Македонија и Србија во двете насоки. Ќе се нудат атрактивни македонски и српски зимски дестинации за размена на туристи и за зголемување на бројот на гости од двете страни“, велат од ССК.

Туристичката понуда и специјалните попусти ќе бидат презентирани пред претставници на туристички агенции и организации во Република Македонија, на спортски, младински, работни и пензионерски здруженија, синдикати, работодавачи и претставници на бизнис секторот.

На промотивниот настан ќе бидат претставени и сите новитети за претстојната 2016/2017 сезона, како и можностите за директна професионална соработка.