Мерачите за воздух покажуваат многу високо ниво на загаденост

36

vozduh-skopje-zagadeno-520x379Мерењата што ги изврши Министерството за животна средина и просторно планирање од 8 часот утрово, покажуваат многу високо ниво на концентрацијата ПМ10, кај мерните станици во Центар и кај Ректоратот.
Мерните станици високо ниво покажале и во Карпош и Лисиче. Во Центар и ректорат, концентрацијата е над 180 микрограми ПМ10 на еден кубен метар, а максималната дозволена количина е 50 микрограми на еден кубен метар.
Според мерењата во текот на вчерашниот ден, количеството на ПМ10 во Центар изнесувало 280 микрограми, во Лисиче 240, Карпош 221 и Раекторат 202 микрограми на кубен метар.
Во Тетово се измерени 325, а во Кичево 202 микрограми на кубен метар.
Воздухот во овие региони е загаден повеќе од една недела.