Мерцедес потпиша договор за набавка на 10.000 тони литиум годишно

74

Mercedes-Benz потпиша договор со канадско-германската компанија Rock Tech Lithium, според кој ќе добива во просек по 10.000 тони литиум хидроксид годишно за батерии, објави денеска германскиот производител на автомобили.

Договорот му овозможува на производителот на луксузни автомобили да снабдува суровини до своите партнери за производство на батерии за електрични автомобили почнувајќи од 2026 година за брзо зголемување на производството на целосно електрични возила, се вели во соопштението на компанијата, пренесува Ројтерс.