Merck ќе му помага на конкурент во производство на вакцини

24

Merck&Co Inc ќе ѝ помага на конкурентната компанија Johnson&Johnson во производство на вакцини против коронавирусот, објави Washington Post, повикувајќи се на висок претставник од администрацијата на претседателот на САД, Џо Бајден.

Американската компанија Merck во јануари го прекина развојот на својата вакцина, па се фокусира на развој на два лека против коронавирусот. Компанијата минатиот месец објави дека преговара со властите и други компании околу тоа како може да помогне во производство на одобрени вакцини.

Фото: Pexels