Меркатор се повлекува од Албанија и Бугарија

18

Управата на словенечкиот трговски ланец Меркатор ги информираше членовите на Надзорниот одбор за намерата да се повлече од пазарите во Бугарија и Албанија, каде скромните економии не и обезбедуваат обем на продажба што би обезбедил позитивни резултати, пишува Дело.

Во среднорочниот план, групата планира во наредниот период географски да се фокусира на основната дејност во петте најпрометни пазари: Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора и БиХ.

Воедно, овој потег е дел од антикризните мерки што ги презеде новата управа на чело со Тони Балажич.