Меркатор во 2018 година планира 2,4 милијарди евра приходи од продажба

35

euro-seem-money-finance

Фото: Pexels

Надзорниот одбор на Меркатор го прифати деловниот план којшто предвидува зголемување на приходите и профитот во наредните години, пишува Дело.

За 2018 година планирани се приходи од продажба од 2,4 милијарди евра со постепен раст во наредните години, така што приходите во 2021 година треба да изнесуваат 2,5 милијарди евра.

Бруто добивката пред оданочување и амортизација наредната година треба да изнесува 97 милиони евра, а приходите на Меркатор, според бизнис планот, годишно треба да се зголемат за 3%.

Приходите на Меркатор во 2016 година изнесуваа 2,37 милијарди евра, а во првите девет месеци од оваа година 1,730 милијарди евра. Според планот за следната година, Меркатор треба да оствари 56,2% од приходите во Словенија, 32,3% во Србија, 5,5% во Црна Гора и 5,1% во Босна и Херцеговина. Најниските приходи ќе се реализираат во Хрватска следната година, бидејќи малопродажната мрежа по приклучувањето кон Агрокор е оставена на Конзум, па сега Меркатор во Хрватска остварува само приходи од недвижностите што ги поседува.

За следната година, Меркатор планира да инвестира 37,7 милиони евра, а скоро половина од нив ќе бидат за зајакнување на малопродажните капацитети.