Мерки и дејствија за спречување на перење на пари во осигурителни друштва

277

Перење нa пари и финансирање на тероризмот се глобални проблеми. Овие активности ја компромитираат стабилноста, транспарентноста и ефикасноста на финансиските системи, како на развиените земји така и на земјите во развој. Кај голем број на земји овие активности покренаа значајни прашања коишто се однесуваат на рано откривање, спречување и гонење.

Софистицираните техники коишто се користат за легализација на “валканите“ пари за да се финансира тероризмот уште повеќе ги усложнуваат овие прашања. Овие техники можат да вклучат повеќе различни типови на финансиски институции. Тоа се банки, штедилници, друштва за осигурување, друштва за управување со фондови. Но, и други субјекти од нефинансискиот сектор како на пример: трговци со недвижности, адвокати, нотари, финансиски советници и други. Така, друштвата за осигурување, банките или другите субјекти можат без нивно знаење да бидат користени како посредници во трансфер на парични средства. И тоа во делот на криминални активности, а со цел прикривање на вистинскиот сопственик и вистинскиот извор на тие средства.

Како настанува делот со перење пари?

Перењето на пари е процес на пуштање во оптек на нелегални средства преку легалните канали, со цел да се прикрие нивното илегално потекло. Финансирањето на тероризам подразбира трансфери на средства што можат да бидат од легално и илегално потекло. Тоа е направено со цел да го прикријат нивното нелегално потекло или да ја прикријат намената на тие средства. Македонија во борбата против оваа појава го има донесено Законот за спречување на перење на пари. Тој е основен законски акт со којшто се регулира борбата против перење на пари и финансирање на тероризам во Република Македонија. Законот ги идентификува друштвата за осигурување како субјекти, кои имаат обврска да превземаат мерки и дејствија за откривање и спречување на перење на пари.

Притоа, Законот ги предвидува следните мерки и дејствија за откривање и спречување на перење на пари:

  • Идентификација на клиенти (customer due diligence (CDD), запознај го својот клиент, во случајов -осигуреникот, корисникот на осигурувањето, односно договарачот на осигурувањето);
  • следење на одредени трансакции (сомнителни) и пријавување на истите до надлежниот орган (Управата за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам, понатаму во текстот Управата);
  • собирање, чување и доставување на податоци за трансакциите и за клиентите коишто ги вршат и
  • воведување на програми за имплементација на мерките и дејствијата за спречување на перење на пари во друштвата за осигурување, кои се однесуваат на управување со ризиците, чување на податоците, интерна контрола и самоанализа и обуки на персоналот.

Со примена на наведените дејствија и мерки може да се овозможи успешно спроведување нa процесот на спречување на перење на пари од страна на друштвата за осигурување. Така, само врз основа на адекватно идентификување на клиентите – осигурениците и корисниците на осигурување, субјектот може да оствари идентификување и следење на трансакциите, кои имаат сомнителен карактер и нивно навремено пријавување до надлежните органи за спречување на перење на пари.

Во Законот за супервизија на осигурување се пропишани барањата за друштвата за осигурување да воспостават и одржуваат бази на податоци. И тоа за склучените договори за осигурување со осигурениците (договорувачите на осигурувањето) како и за корисниците на осигурувањето. Но, и за податоци за настанатите штети и податоци за оценување на осигурително покритие и степен на оштета.

Програмата за спречување на перење на пари  ги сублимира сите дејствија и мерки за спречување на перење на пари и треба да е основа за нивно имплементирање. Согласно стандардите на Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори (IAIS) и Препораката 15 на FATF субјектите се должни да изготват програми:

  • Централизација на податоците за идентитетот на клиентите, носителите на права, ополномоштените, овластените застапници и ополномоштувачите, како и на податоците за сомнителните трансакции;
  • именување на одговорно лице кое ќе се грижи за спроведувањето на програмата и одредбите од Законот за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам за што ќе го известува надлежниот орган т.е. Управата;
  • план за постојана обука на одговорните лица и другите вработени од областа на спречување на перење на пари и финансирање на тероризам;
  • инструменти за внатрешна проверка на спроведување на мерките и дејствијата и
  • соработка со Управата.

Што кажува Законот за спречување на перење на пари во делот на осигурувањето

Управата за финансиско разузнавање води евиденција за доставен извештај за склучување на полиса за осигурување на живот. Во делот на пријавите, осигурителните друштва кои вршат работи на осигурување на живот собраните податоци за склучени полиси за осигурување живот со вредност на осигурување во износ од 15.000 евра или повеќе, ги доставуваат до Управата на крајот на денот во електронска форма. Во работите поврзани со осигурување на живот, дозволено е потврдувањето на идентитетот на клиентот, ополномоштувачот или вистинскиот сопственик на полисата, да се изврши откако деловниот однос е воспоставен. Во овој случај потврдувањето на идентитетот треба да се изврши пред или за време на исплаќањето на полисата или пред или кога корисникот има намера да ги изврши правата кои произлегуваат од полисата.

Надзорот над примената на мерките и дејствијата утврдени со закон го вршат органите за надзор во смисла на овој закон и тоа: