Мерки за спас на економијата – секој да добие дополнителен одмор

113

Владата на Нов Зеланд размислува да воведе дополнителен одмор за да го зајакне домашниот туризам. Премиерката Џасинда Ардерн изјави дека тоа е една од идеите која потенцијално би можела да ѝ помогне на економијата на земјата.

Туризмот е главниот сектор на Нов Зеланд, а во земјата странските туристи заради пандемијата со коронавирусот моментно не доаѓаат, па целата индустрија е во тешка состојба.

“Мојата порака до граѓаните е да дојдат и да го истражат сопствениот двор, да се запознаат со културата и гостопримството на староседелците“, рече Ардерн.

Нов Зеланд во последните неколку седмици ги ублажи рестриктивните мерки.

Владата која воведе еден од најсилните карантини на светот, соопшти дека вирусот е елиминиран во земјата.

Фото: Pixabay